ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнува пролетта – студено утро и сончев ден со мала облачност

Студено утре, а преку ден ќе биде сончево со појава на мала облачност. Ова утрово го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), посочувајќи дека минималната темперература ќе биде во интервал од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 19 степени.

Ќе дува и слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

„Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени“, велат од УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button