
Состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 започнува денеска во Јужна Африка, а ќе трае до 21 февруари во Јоханесбург.
На состанокот ќе присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а како што изјави за РИА Новости портпаролката на министерството Марија Захарова, Лавров на пленарните седници ќе презентира детална анализа на меѓународната ситуација.
Г20 ги вклучува Австралија, Аргентина, Бразил, Велика Британија, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Канада, Кина, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, САД, Турција, Франција, Јужна Кореја, Јужна Африка, Јапонија, како и Европската унија и Африканската унија.