Почнува второто полугодие, училишната зграда во Паничари може да се урне
Почнува второто полугодие, училишната зграда во Паничари може да се урне

Додека другите ученици ги прават последните подготовки за почеток на второто училишно полугодие, Сефер од село Паничари стравува, затоа што селското училиште „Ибе Паликуќа“ во општина Сарај во кое тој учи прво одделение е во опасност да се урне. Пред извесно време се урнале таваните на две училници. Некогаш изградено од кал, ова училиште сега претставува опасност за 32-те ученици во селото кои паралелно следат настава од прво до деветто одделение. Училиштето не исполнува никакви услови за спроведување на новиот наставен концепт.
„ Се плашиме да не падне кровот на училиштето. Имам братучетка која овде учела, кога паднал таванот сите побегнале.
Дали се плашите? Да.
Дали имате компјутер на училиште? Не.
Дигитални табли? Не“, рече еден ученик.
„Џабе што го реновираа, во другиот дел ѕидот е испукан, страв ни е да се остават децата да учат.
Дали вие имате деца во ова училиште?
Да, две момчиња и едно девојче“, нагласи еден жител.
Додека училиштето полека се распаѓа, неколку години години на влезот на селото Паничари се гради нова училишна зграда. Жителите велат дека ветувањата биле дека новото училиште ќе се изгради за краток период, но тоа останало само предизборно ветувањо. Наместо ученици, во објектот на новото училиште има животни.
„ Никој не се грижи за овие деца. Нека дојде некој да се интересира да види кај учат овие деца“, рече Оџа во селото.
„Тука останаа 14 куќи, а порано имаше 35 куќи. Сите се преселиле поради условите што ги гледате. Причина беа и условите во училиштето..кога ќе го пуштат новото училиштето, само Господ знае“, додаде друг жител.
Од општина Сарај не дадоа никакво објаснување за доцнењето на изградбата на новата училишна зграда. Во февруари ни одговорија дека градежните работи се во тек и дека новиот објект ќе биде пуштен во употреба во новата учебна 2024/25 година./Алсат.мк
Мелихате Рустеми