СВЕТ

Почнуваат засилени рестрикции! Нова вонредна состојба во Чешка

Чешките власти пријавија нови 3.104 случаи на коронавирус во текот на вчерашниот ден, со што вкупниот број во земјата се искачи на 117.110. Бројот на починати во моментов изнесува 987. Официјални лица соопштија дека имало 61.143 активни случаи, со 2.106 хоспитализирани пациенти.

Advertisements

Владата повторно воведе 30-дневна вонредна состојба со затворени базени, спортски сали и фитнес центри, а рестораните и пабовите да се затворат до 20 часот, а на една маса да има најмногу четири гости.

Од денеска се затворени спортски објекти, театри и кина и ќе бидат затворени најмалку две недели. Учениците од повисоките одделенија на основните училишта ќе заменат учењето на час со учење на далечина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button