ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Под истрага началник и виш инспектор

Под истрага началник и виш инспектор

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца полициски службеници во Куманово, кои синоќа ексклузивно Алсат извести дека се приведени и се очекува постапка пред обвинителството. Кривичните дела против полициските службеници се „злоупотреба на службената положба“, „фалсификување исправа“ и „попречување на сведочење“.

Advertisements

Првоосомничен е службеникот со иницијали А.Ј. кој наместо да тужи кривично државјанин за фалсификување на автомобил кој бил одземен од страна на царината, на крајот на месец декември изготвил документација врз основа на која на осомничениот за фалсификување му го вратил одземеното возило. Манипулираната потврда испратена до ОЈО е овластена од неговиот претпоставен. Со ова, тие му овозможиле на осомничениот за фалсификат да има корист и да не одговара кривично, а во меѓувреме да го врати конфискуваниот автомобил во сопственост.

Другото дело за кое се гонат инспекторот А.Ј. и претпоставениот Д.Ј. се однесува на кривично дело каде е конфискувана автоматска пушка. Во записникот е констатирано дека е пронајдена пушка, истата е документирана и приложени се фотографии, но при доставувањето на доказите пушката недостасувала. Со ова дејствие инспекторот и неговиот претпоставен оневозможиле потврдување на казненото дело.
Внатрешната контрола во Министерството за внатрешни работи поведе постапка за проверка на одговорноста, а на двајцата осомничени им е определена мерка притвор во траење од 30 дена./Алсат.мк
Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button