ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Податоците на Стопанската комора покажуваат дека од компаниите се бара поткуп од 10 до 100 илјади евра

Податоците на Стопанската комора покажуваат дека од компаниите се бара поткуп од 10 до 100 илјади евра

И локалната и централмната власт, се главни подмитувачи во бизнисот – покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе Стопанската комора. Истражувањето кое е спроведено во март годинава опфаќа 138 компании, за нивното мислење и искуство со корупцијата за изминатата 2023 година.

Advertisements

Анкета покажала и дека 61 отсто од компаниите се соочиле со корупција два до пет пати во текот на годината, а повеќе од 20 проценти барем еднаш. Од оние фирми кои не одговориле позитивно на коруптивно барање, 48 проценти рекле дека тоа се одразило на нивниот бизнис. Податоците исто така укажуваат на тоа дека кај дел од приватниот сектор е норамлно нешто да „се даде“ за да се добие профитабилна зделка. Оттука, 30 проценти од компаниите, пак, мислат дека ќе пропаднат ако не прифатат мито./Aлсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button