ВЕСТИРЕГИОН

Поддршка за „Отворен Балкан“ и од Германија: Секоја регионална соработка е од корист

Премиерите на Македонија и Албанија, Еди Рама Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ ја туркаат напред регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. Но, другите три земји од Западен Балкан – Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, се чини, не сакаат да се приклучат кон иницијативата. Но, и покрај скептицизмот, регионалната иницијатива доби поддршка од САД и Германија, пишува приштинскиот весник „Газета експрес“.

Advertisements

Во ексклузивната изјава за косовскиот медиум, портпаролот на германската федерална влада рече дека секоја регионална соработка е од корист. Тој вели дека соработката мора да биде инклузивна и отворена за сите шест земји во регионот.

„Секоја регионална соработка на Западен Балкан е од корист. Во исто време, важно е соработката да остане инклузивна и отворена за сите шест земји во регионот. Затоа силно го поддржуваме акциоскиот план за заеднички регионален пазар“, велат од германската влада за „Газета експрес“.

Оттаму додаваат дека шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан ја потврдија својата посветеност кон овој историски проект на последниот самит на Берлинскиот процес на 5 јули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button