ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поддршката на Алијансата за Албанците на Биљал Касами во Тетово е безусловна

Поддршката на Алијансата за Албанците на Биљал Касами во Тетово е безусловна. Во вториот круг, Касами влегува во трката за Тетово со поддршка на Алијанса против Теута Арифи од ДУИ. Оваа одлука на опозициската партија ќе биде донесена од партиските тела. Како што дознава Алсат наредниве денови Алијанса ќе се ангажира и  коалицискиот партнер Алтернатива да застане зад кандидатурата на Касами.

Advertisements

Алсат денеска го контактираше лидерот на Движењето Беса, Билал Касами дали ќе побара  поддршка од Алтернатива, но досега не добивме никаков одговор. Во меѓувреме, поддршка од СДСМ за Тетово бара и ДУИ за Теута Арифи. Бујар Османи вели – без оглед на политичката актуелност во Тетово, СДСМ треба да ја поддржи ДУИ.

„Ние апелираме за поддршка од сите граѓани и од сите политички партии, го сакаме гласот и поддршката од сите. Во контекст на конкретните коалиции, ви кажав дека од нашите коалициски партнери бараме да ја поддржат нашата платформа и нашиот кандидат во Тетово.“

Но, премиерот Заев попладнево на прес-конференција изјави дека во Тетово самите гласачи ќе си одлучат кого да поддржат. Заев додаде дека не може да им каже на граѓаните да се определат за една или друга опција.

ВМРО-ДПМНЕ сè уште не одлучило кого ќе поддржи во Тетово. Ќе се знае викендов.

Вчера, генералните секретари на двете партии, Алијанса и Беса, Таравари и Хоџа по состанокот одржан во Гостивар рекоа дека меѓусебната поддршка ќе функционира по принципот – против кандидатите на ДУИ.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button