Поделени мислењата на граѓаните за клиниката „Жан Митрев“

Додека траат инспекциите на клиниката Жан Митрев, камерата на Алсат се обиде да исконтактира дел од граѓаните кои се лекуваат во болницата. Некои пациенти не сакаа да зборуваат, но зад камерите велат дека дошле да ги примат терапиите од претходните интервенции.
Неколку дена по скандалот на клиниката „Жан Митрев“, паркингот е полупразен, a многу пациенти велат дека ги откажале термините, истакнувајќи дека не се чувствуваат безбедно.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека три васкуларни интервенции дневно, кои се покриени од фондот, врши клиниката Жан Митрев. Според нив, од лани го скратиле годишниот фонд за 1 милион евра, и сега клиниката на Митрев добива средства од осигурувањето на граѓаните во износ од 10 милиони евра годишно. Пациентите и нивните семејства кои ги сретнавме имаа различни ставови.
„Довербата во приватните болници ја сметам за бесмислена, тие лекари што работат во универзитетскиот центар работат и во приватни клиники. Малкумина се двоумат за државните болници, можеби затоа што имаат многу пари“, вели Агим Емини, пациент.
„Таму здравството воопшто не се плаќа. Трошоците ги покриваме од плата и приватно не плаќаме ништо“, вели еден пациент од Германија.
Од клиниката Жан Митрев демантираат дека имаат откажани термини. Од канцеларијата задолжена за контакт со медиумите, ни рекоа дека се класифицирани интерните податоци на клиниката, но потенцираат дека сите однапред одредени термини се реализирани навреме.
Аднан Ќаили