
Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста.
– Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, за што дававме и докази во текот на првиот мандат (на ЕК), а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.
Четиридневната турнеја на Фон дер Лајен низ земјите од Западниот Балкан, почнува се нејзина посета на Тирана, каде попладнево ќе има средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа, утре и со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.