ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Подготовките почна, имињата за локалните избори не се откриваат

Подготовките почна, имињата за локалните избори не се откриваат

На девет месеци до локалните избори, политичките партии веќе ги почнаа калкулациите и подготовката на можните кандидати, но и можните коалиции. Официјално ниту еден не ги потврди имињата на потенцијалните кандидати, но ниту ги демантираше шпекулациите околу истите. Трката меѓу македонските партии ќе се фокусира на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ има дилема меѓу двајца потенцијални кандидати, министерот за локална самоуправа Златко Перински и првиот човек на Кисела Вода Орце Ѓеорѓиевски.актуелната градоначалничка Данела Арсовска веќе потврди дека нема намера да бара уште еден мандат.

Advertisements

СДСМ е во процес на внатрешно организирање по смената на партиските органи, но претседателот на градската организација, Ѓорѓи Галетановски не ја исклучува можноста да се кандидира за изборната трка за Град Скопје.

Трката меѓу албанските партии ќе биде пожестока. Со тоа партиите нема да имаат за цел само да ги освојуваат општините туку и да докажат на која страна лежи легитимитетот на Албанците, тема на која се судрија уште на мајските парламентарни избори.
Чаир може да биде бојно поле меѓу актуелниот лидер Висар Ганиу и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи неодамна беше избран за шеф на штабот на огранокот во оваа општина.
„… Убеден сум дека заедно со тимот и поддршката на целата структура ќе постигнеме неприкосновени успеси и резултати кои ќе преовладуваат во остварувањето на нашите планови и проекти за Чаир и жителите на Чаир!„, рече Беким Незири.

Се очекува Ганиу повторно да се кандидира како член на Демократското движење на Изет Меџити. Партиите од коалицијата ВЛЕН ќе имаат за цел да ги задржат општините со кои моментално управуваат.

„Во принцип имаме договор таму каде што раководиме со локалната власт да продолжат истите политички субјекти, но верувам дека многу брзо ќе имаме генерален договор кој ќе определи како ќе настапиме на локалните избори„, рече Билал Касами, претседател на Движењето Беса, ВЛЕН.

Касами за Алсат потврди дека сака уште еден мандат во Тетово. Од Европскиот фронт, неофицијално се зборува дека ќе го кандидраат актуелниот пратеник Илир Демири. Алтернатива има за цел да го земе Дебар, а неофицијално и Сарај.

Коалицијата ВЛЕН не го смета за разумно формалното обединување пред локалните избори. Тие велат дека имаат намера да се натпреваруваат заедно како коалиција, а дури по изборите формално ќе преминат во една политичка партија.

Но, успехот на албанските партии во општините ќе зависи од поддршката што ќе ја обезбедат од македонските партии, во многу случаи и од ВМРО-ДПМНЕ. Од движењето ЗНАМ дополнително ќе одлучуваат дали ќе настапуваат сами или како коалиција. Левица потврди дека на избори оди сама.
Последните локални избори се одржаа во октомври 2021 година.

Од 80 општини и Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата освои 42 градоначалнички места, како и главниот град со поддршката што и ја даде на Данела Арсовска како независен кандидат. СДСМ, пак, освои 16 општини, ДУИ 11. Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса, кои сега се дел од ВЛЕН, освоија вкупно четири градоначалнички места. ДПА, ГРОМ, коалицијата на ЛДП и ДОМ освоија по една општина, додека во Куманово и Дебарце како независни кандидати победија Максим Димитриевски и Зоран Ногачески.
Според сегашниот Изборен законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Овие локални избори ќе бидат осми по ред од осамостојувањето на државата./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button