ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Подготвен извештајот за инцидентот во М-НАВ

Подготвен извештајот за инцидентот во М-НАВ

Во извештајот подготвен од Агенцијата за цивилно воздухопловство за случувањата од 4 јануари во М-НАВ се наведува дека во критичниот период кога се случил инцидентот немало никакви последици по безбедноста на воздушниот сообраќај. Томислав Тунтев во интервју за МИА изјави дека пред, за време и по инцидентот ниту еден лет не останал без контролна служба.

Advertisements

„Во текот на 16 минути колку што траеше инцидентот, не е забележано никакво откажување, ниту од пилотите, ниту од контролорите, ниту од персоналот на аеродромот. Ниту еден лет за време на инцидентот и по него не останал без стандардната навигација овозможена од М-НАВ“,рече Томислав Тунтев, Директор на АЦВ.

Тунтев додаде дека преземените дејствија што довеле до инцидентот се резултат на прекршување на процедурите за пристап до одредени области од страна на лица, додека безбедноста што требало да се гарантира не била на нивото предвидено со протоколот.

„Некој си земал за право да не ги почитува процедурите и да постапува по сопствено убедување. Потоа следеше неовластен пристап до службените простории на М-НАВ, но не и до оперативната сала каде што се врши комуникацијата меѓу воздухопловот и контролорите“, додаде Томислав Тунтев, Директор на АЦВ.

Инцидентот се случи на 4 јануари. Осуммината осомничени, меѓу кои и првиот човек на ДУИ во Чаир, се во домашен притвор поради сомнение за „нарушување на воздушниот сообраќај“. По инцидентот Владата разреши двајца директори на М-НАВ и предложи двајца нови. Мотив за нападот биле конкурси за контролор и тенденциите на владејачките партии да сместат членови на своите семејства во институцијата со високи плати. Покрај извештајот за инцидентот, Владата нареди и надзор над работата на Синдикатот за контролори на летање и вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство и М-НАВ. Во меѓувреме, за случајот сè уште нема поднесено никакви обвиненија./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button