МАКЕДОНИЈА

Подготвени тендерите за подвижни болници


Владата вети дека ќе изгради 16 мобилни болници, но досега изградена е само една. Иако, есента се ближи и здравствените власти стравуваат од нов бран на заразени, капацитетите на болниците остануваат исти. Проектот на Министерството за здравство за изградба на подвижни болници до крајот на август во сите градови во земјава, сè уште останува на хартија. Министерот Венко Филипче рече дека во рок од една недела очекуваат зелено светло од Светска банка, по комплетирање на документите.

Државниот здравствен систем се подготвува за новиот бран на пандемијата, кој се очекува да пристигне наесента. Во моментов е подготвен само модуларниот објект кај Клиниката за пулмологија. Само овој проект чинеше 122 илјади евра. За амбулантски услуги, во употреба е пуштена само една барака кај Клиниката за детски болести.

Според властите, капацитетите на болницата во моментов се стабилни. Само синоќа на Клиниката за инфективни болести биле примени 9 пациенти заразени со Ковид -19, додека 79 биле хоспитализирани, од кои 44 на кислородна терапија. 5 нови пациенти се примени во болницата „8 Септември“, додека 22 се хоспитализирани, од кои 2 се  на механичка вентилација. 23 возрасни и деца се хоспитализирани во болницата Козле. Болниците во другите градови се исто така полу полни.

 

Përgatiti: Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button