Подготвителна седница за Законот за јазицци на 19 јуни
Подготвителна седница за Законот за јазицци на 19 јуни

Претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски најави дека на 19 јуни ќе се одржи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, додека конечната одука уставните судии за ова прашање би требало да ја донесат после локалните избори. Костадиновски во интервју за емисијата „Трилинг“ рече дека на подготвителната седница уставните судии ќе треба да го слушнат мислењето од меѓународните, но и од домашните експерти.
„На пример Венецијанската Комисија ќе дојде да го образложи пријателскиот совет кој веќе е подготвен. Судија од европскиот суд за човекови права, експерт за малцинските права, ќе дојде да ни образложи кои се меѓународните, кои се европските стандарди за користење на јазичните права. Нашите експерти по уставно право, по меѓународно право, по човекови права, ќе ги слушнеме. Значи и ние како судии некогаш имаме потреба да слушнеме што вика и струката и науката и кои се меѓународните стандарди„, рече Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.
За првиот човек на Уставен, во јавноста непотребно се создала бура од реакции во јавноста со давање на етнички и политички димензии на постапувањата на судот. Тој вели дека меѓуетнички проблеми во државата нема и упати апел до граѓаните да бидат спокојни.
„ Немаме проблем со меѓуетничките односи денес. Имаме проблем со злоупотреба на чувствата на граѓаните и со злоупотреба на меѓуетничките односи за политички цели, себични. Политичката култура ми е добро позната, нема да го сменам тоа нешто, но сакам да се обратам со граѓаните и континуирано тоа го правам – да си бидат спокојни, ништо страшно нема да се случи. Со Законот за јазиците ниту едно право што секој еден граѓанин што го ужива по нашиот устав нема да му биде ускратено„, рече Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд .
Според универзитетскиот професор Мерсин Максути, аргументите се на страната на Законот за употреба на јазиците.. За аласта тој изјави дека верува оти албанските експерти ќе успеат да ги убедат уставните судии дека ниту една одредба од овој закон не треба да се оспорува.На подготвителната седница на 19 јуни ќе присуствуваат Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и Артур Куч, судија на Меѓународниот суд за човекови права. Покрај нив, присутни ќе бидат и претседателите на Кривичниот суд Скопје, Управниот суд, и на Апелациониот суд во Битола. На листата на присутни се и подносителите на иницијативите покренати против Законот за употреба на јазикот, меѓу кои Тодор Петров, Томе Тодоровски и Тања Каракамишева./Алсат.мк
Михаило Донев