ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против скопјанец, осомничен дека го предизвикал пожарот на мостот „Беласица“

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишниот скопјанец И.Х. кој е осомничен дека пред една година го предизвикал пожарот на мостот „Беласица“, информираат од Одделението за крвни и сексуални деликти при Единицата за насилен криминал на СВР Скопје.

Според соопштението, И.Х. на 11.05.2023 година предизвикал пожар во т.н. „просторија за компензација на топловод“ под мостот „Беласица“. Пожарот, како што посочуваат од СВР-Скопје, се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.

Против И.Х. е поднесена кривична пријава за сторени „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, а во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност по член 288 од Кривичниот законик.

Како што додаваат од полицијата, И.Х. веќе се наоѓа во затвор од 12 септември 2023 г. каде издржува казна за друго кривично дело – тешка кражба.

Мостот „Беласица“ кај скопската железничка станица гореше ноќта помеѓу 11 и 12 мај 2023 година. Мостот беше целосно или делумно надвор од употреба речиси цела година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button