ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесени 59 кривични пријави против 80 лица во последниве 6 месеци во Тетово

Поднесени 59 кривични пријави против 80 лица во последниве 6 месеци во Тетово

За шест месеци, во борбата против организираниот криминал, СВР Тетово поднесе 59 кривични пријави против 80 лица од Тетово и Гостивар. Кај нив полицијата пронашла марихуана, канабис, кокаин, пари и оружје. Последниот случај беше оној од минатата недела, каде при контрола во домот на 29-годишен маж од гостиварско Дебреше, запленето е значително количество дрога и канабис.

Advertisements

„На почетокот на неделата што ја оставаме зад себе, извршен е претрес во куќа на 29-годишен маж во гостиварско Дебреше, каде при упадот, пронајдено е значително количество марихуана и дигитална вага, како и саксии засадени со канабис и истите се одземени. Пронајдено е и оружје од непознат калибар и модел. Истите се одземени и задржани за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесна соодветен пријава“, рече Фатмир Реџепи- портпаролот на СВР Тетово.

Последниве денови тетовската полиција врши контроли на продавачи на огномети и пиротехнички средства. Реџепи вели дека продавачите или корисницте на истите, во зависност од штетата, може да се казнат и до три години затвор.

„Ги информираме граѓаните дека употребата или пукањето на огномети претставува нарушување на јавниот ред и мир и за ова има соодветен поднесок. Имајќи предвид последиците што може да ги остави употребата на огномет, ова исто така станува кривично дело и може да се казни до три години затвор. Припадниците на полицијата се на терен и вршат увид, иако досега се фатени мал број продавачи на пиротехнички средства, на терен работат на откривање на диви продавачи“, додаде Фатмир Реџепи – Портпаролот на СВР Тетово.

Реџепи најави дека СВР Тетово во пресрет на новогодишните празници ќе продолжи со едукација во основните и средните училишта за опасноста од употреба на пиротехника и последиците што ги носи./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button