ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение против Љупчо Палевски за грабнување и убиство на Вања и Панче

Обвинителството поднесе обвинителен акт до Кривичниот суд во Скопје против Љупчо Палевски Палчо за грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, како и за грабнување и убиство на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Палевски е обвинет според  член од Кривичниот законик што предвидува затворска казна од 10 години до доживотен затвор. Од ОЈО соопштија дека е поднесен и предлог за спроведување единствена постапка против Палчо и уште четири лица претходно обвинети за грабнување и убиство на Ѓорчевска, бидејќи е утврдено дека постои поврзаност меѓу нивните дејствија од аспект на време, место и начин на извршување на делото.

Advertisements

Основно Јавно Обвинителство:

Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице.

Според Обвинителството, Палчо и неговите соучесници, пет дена порано го грабнале 74-годишниот Жежовски од Велес, со цел да го натераат да им го даде неговото возило кое потоа би го искористиле за грабнување на Ѓорчевска.

Основно Јавно Обвинителство:

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.

Обвинителниот акт против Палевски содржи и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. По двете убиства, Палевски кратко се даде во бегство во Турција, каде беше уапсен и екстрадиран во земјава на 15 мај, а оттогаш се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button