МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение за случајот „Плацеви на Водно”

Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение за случајот „Плацеви на Водно“ против шест лица. Меѓу обвинетите е бегалецот Никола Груевски, бизнисменот Орце Камчев кој веќе е во притвор, неговата мајка Ратка Камчева како и Сашо Мијалков. Според обвинението Груевски од 2006 до 2012 година ги присвоил донациите од членството на ВМРО – ДПМНЕ. Собрал 1 милион и 300 илјади евра. Потоа во 2013 година неговиот братучед Мијалков преку офшор фирма од Белизе со преставништво тука, му помогнал да ги купи плацевите на Водно од над 11 илјади метри квадратни. Во 2015 година со новиот Генерален урбанистички план, парцелите на Водно станале градежни и тогаш Груевски ги остапил на фирма каде управител бил Орце Камчев. Обвинителството предложило до Кривичен да се конфискуваат плацевите на Водно, двата стана на Груевски вредни 100 илјади евра како и други два плаца, еден во Центар од над 100 илјади евра и земјиште во Крушево. Обвинителството побара притвор за Груевски кој е во бегство но и да му се продолжи притворот на Камчев, мерка која Кривичен суд ја прифати. Со оваа одлука, Камчев останува уште 30 дена во притвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button