ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Подобро за Тетово“ револтирани зошто не можат да се регистрираат на албански јазик

Централниот регистар одби да ја регистрира како невладина организација поранешната група независни советници „Подобро за Тетово“. Причината, според претставникот на групата Елмедина Абдулаху, е пополнетото барање на албански јазик. Според Абдулаху, централниот регистар образложил дека регистрацијата со документација поднесена на албански јазик не може да се изврши, поради дефект на програмата. Но и покрај ваквата одлука на Централниот регистар, Абдулаху вели дека нема да се откажат од правото загарантирано со Закон. Појаснување побаравме и од раководителот на Централниот регистар од каде рекоа дека ќе добиеме одговор по празниците.

Advertisements

„Комплетната апликација ја направивме на албански јазик, како што ни дозволува законот, но после подолг период конечно добивме не многу јасен одговор, дека здружението не може да се регистрира на албански јазик, бидејќи системот не работи со латинични букви односно на албански јазик. Значи треба да ја преведеме апликацијата на македонски јазик. Од Централниот регистар добивме одговор дека во период од 30 дена барањето мора да го преведеме на македонски јазик. Плаќаме даноци и не треба дополнително да трошиме за да го преведеме материјалот. Ако не им функционира системот, нека го средат, бидејќи долги години системот функционира и се трошат многу пари за албанскиот јазик на грбот на нашите даноци“, рече Елмедина Абдулаху „Подобро за Тетово“.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button