ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поети: Струга да конкурира за град на книжевноста во УНЕСКО

Со Антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, се отварија 61-те, Струшки вечери на поезијата. Но за разлика од порано, кога цела Струга живееше за фестивалот, а се бараше и место повеќе за фестивалските настани, денес интересот е драстично променет, а фестивалот го следат далеку помал број на гледачи.

Advertisements

„Струшките вечери на поезијата“ се отрезнувачка опомена, а поетите се наши исцелители. Кој знае колку пати во нивните зборови сме нашле утеха и одговор“, рече Бисера Костадиновска Стојчевска- министерка за култура.

„Имаше многу публика, луѓето и поетите кои доаѓаа од странство се чудеа, велеа ние ваква публика не сме виделе никаде во светот“, вели Димитар Башевски-поет.

„Денес со умножувањето на медиумите и со можноста фестивалите да се пренесуваат во живо на телевизија, јутуб канали и стриминзи, како да се загуби првичниот контакт меѓу поетите и публиката и меѓу поетите и поетите“, додаде поетот Зоран Анчески.

Поетот Владимир Мартиновски предлага Струга да конкурираат во УНЕСКО, за град на книжевноста.

Струшките вечери започнаа со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на Златниот венец, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради возраста, има 91 година не можеше да присуствува во Струга . Во негово име признанието ќе го прими неговиот син – јапонскиот композитор и пијанист Кенсаку Таникава.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button