ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат ли основните артикли? ДПИ најавува информации следната недела

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и од понеделник јавноста би имала информации дали е констатирано намалување на цените на основните хранителни продукти, рече во своето вечерашно јавување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Александра Котели, инспекторка од Државниот пазарен инспекторат.

„Бидејќи контролите се постојани и се во тек, а податоците се сублимираат на неделно ниво, во однос на намалување на цените, а врз основа на некои нови мерки коишто во иднина би ги донела Владата, со цел потрошувачите да бидат задоволени, се надевам дека ќе увидиме дека би имало намалување на цените, но сѐ уште е рано бидејќи станува збор за близок иден период. Ние сме постојано на терен, податоците би се сублимирале во понеделник и тогаш јавноста од страна на ДПИ би имала поконкретен податок во однос на тоа дали цените се намалуваат или остануваат исти“, рече Котели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button