СПОРТФУДБАЛ

Погба се враќа на теренот,  но не во дресот на Јувентус

Францускиот фудбалер Пол Погба доби намалување на суспензијата, па ќе може да се врати на терените на почетокот на следната година, но нема да добие шанса во Јувентус.

Advertisements

Фабрицио Романо објави дека Погба ќе замине како бесплатен фудбалер од поранешниот италијански шампион.

„Погба е одличен играч, но ние имаме поинакви планови во моментов. Инвестиравме во други фудбалери и нашиот тим е комплетен“, кажа директорот на Јувентус, Кристијан Џунтоли.

Французинот веќе почнал да се подготвува за враќање на теренот, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button