ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поглаварот на ИВЗ ги повикува водачите на новата салафистичка заедница сами да ја затворат

Формирањето на салафистичката исламска заедница „Дар Ел Хадис“ според првиот човек на ИВЗ , Шаќир Фетаху е обид да се создаде раскол во Исламската заедница во С Македонија. Фетаху денеска изјави дека ИВЗ ги презема сите неопходни законски мерки за укинување на одлуката на судијката Сузана Дончевска и чекаат судски епилог, апелирајќи до лидерите на салафистичката заедница самите да ја затворат.

Advertisements

„Ги завршивме правните и судските процедури, сега очекуваме позитивни резултати. Но, ИВЗ останува голема и моќна организација, со сите свои елементи. Нашата главна цел е да спречиме во нашето општество, а особено кај ИВЗ, муслиманскиот народ, да не дозволиме да се извалкаат со сомнителна струи. Тука сме категорични“, рече Шаќир Фетаху, претседател на ИВЗ.

Фетаху не верува дека регистрацијата на оваа верска заедница има политичка позадина, но смета дека одлуката на судот да даде дозвола е тенденциозна, бидејќи според него, истата судијка и претходно изразувала слични тенденции против ИВЗ. Од Апелациониот суд сè уште нема одлука за овој случај. Салафистичката заедница е легитимирана со одлука на Граѓанскиот суд во Скопје од 22 декември 2020 година.

Граѓански суд:
„Салафистичката исламска заедница „Дар Ел Хадис“ стекнува право на правно лице на денот на регистрација во Единствениот судски регистар за цркви, верски заедници и верски групи за „верска заедница“, која се води во Граѓанскиот суд и може да започне со работа од 22.12.2020 година.“

Во одлуката се наведува лицето Шејх Џемал Јакупи, жител на Скопје. Мотивот за основање на паралелна верска институција не е познат, но адресата каде е запишана е во станбена зграда во близина на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button