ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поголем дел од Скопје без струја, дефект во трафостаницата во Пинтија

Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.

Advertisements

Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен. Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар. Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.

Струја нема во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров. Од ЕВН упатија на МЕПСО бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button