Покачени цени пред секој Курбан Бајрам, граѓани: Треба да се намалат цените
Покачени цени пред секој Курбан Бајрам, граѓани: Треба да се намалат цените

„Цените уриваат рекорди“ , „Едвај врзуваме крај со крај“ , „Пред празник ги покачија цените“ – се дел од коментарите на граѓаните во пресрет на празникот Курбан Бајрам за наглото зголемување на цените на производите. Велат цените вртоглаво растат, а празникот се повеќе станува финансиски товар наместо душевна радост.
„Не е скапо 160-180 до 200 евра. Тие што беа поскапи? Има овен и 400 евра ама има и евтин. Има и за богаташи и за сиромашни. Општо како ви изгледаат цените?Општо не се скапи. Општо храната сега пред бајрам, дали е скапа? Да, храната е скапа, има многу разлика од другите години“, изјави еден граѓанин.
„Па ги покачуваат како не, и на пазарите и на се“, одговори друг граѓанин.
„Што коментар, нема никаков коментар, тие си го прават своето“ , нагласи еден граѓанин.
„Не не, јас со 20 илјади денари ништо ништо, не може ништо, а може да купам онај кој има повеќе кој заработува повеќе, има од странство деца едно друго се, тие можат, али со оваа плата тешко“ , изјави еден граѓанин.
„Мислам дека да, високи се. Со основни примања може да се врзе крај со крај во месецот? Не може“, рече еден граѓанин.
„Стварно многу покачени цени имаме, се што има покачено е, со минимална пензија ништо не правиме да ти кажам искрено. Треба да ги смалат цените бидејќи се многу ужасни“, нагласи еден граѓанин.
Од Државниот пазарен инспекторат пред повеќе од еден месец рекоа дека ќе прават анализи на цените на ланците на маркетите и истите ќе ги достават до министерството за Економија и Владата, по што ако трговците ги покачиле цените ќе следувале нови мерки.
Пазарната инспекција денес за Алсат информираше дека извештајот е во завршна фаза и дека се исконтролирани над 100 ланци на маркети, увозници и дистрибутери.
„Анализите се во завршна фаза, контролирани се над 100 правни субјекти на маркети,увозници и дистрибутери. Следната недела ќе го доставиме извештајот до Министерството за Економија, по што тие ќе и предложат на владата дали има потреба од дополнителни мерки“, велат од Државен пазарен инспекторат.
Последната мерка беше ограничување на брутопрофитната маржа, која беше воведена бидејќи инспекторите најдоа маржи кај трговците дури и над 70 проценти. Оттогаш помина повеќе одд едден месец а нови мерки не се донесени иако цените повторно растат. / Ангел Димовски