ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Покачените цени на горивата, ги поскапеа и туристичките аранжмани

Покачените цени на горивата, ги поскапеа и туристичките аранжмани

Летните одмори годинава поскапи за 10 до 20 проценти за разлика од лани. Покачените цени на горивата и храната ги зголемија и цените на хотелите, авио билетите и автобускиот превоз. Од туристичките агенции велат дека граѓаните се заинтересирани за патување годинава, по две години рестрикции и мерки поради ковид пандемијата и зголемените цени засега не ги предомислуваат да ги одложат резервациите за годишен одмор.

„Покачени се цените тоа е факт, сега посебно со покачувањето на горивата превозот е покачен меѓутоа покачувањата не се огромни. Ако збориме за блиските дестинации еве за Грција за автобуските превози се покачени за 5 до 10 евра. Авионските карти имаат покачување на дестинациите, како авио аражмани се исто покачени. Еве на пример за резервација за една фамилија за 6 или 7 ноќевања цените да се покачени за цел аражман околу 100 евра. Нормално и хотелите се покачени согласно трошоците“, рече Ана Марија Алексова од Туристичка комора.

Од туристичките агенции се надеваат дека годинава нема да имаат голем број на откажани аражмани. Сепак неизвесноста од војната во Украина, и растот на цените на долг рок може негативно да се одрази на крајот на сезоната. И оваа година, најголем број граѓани ја одбираат Турција и Грција како дестинација за летниот одмор, но и Египет и Тунис./Alsat.mk

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button