
Зголемувањето на минималната плата ќе биде прва точка на дискусија на првата седница на социо-економскиот совет, рече министерот Бесар Дурмиши. Министерот за економија и труд најави дека барањето на синдикалците ќе се разгледува за минималната плата од 22.567 денари, да изнесува 450 евра. Но, Дурмиши рече дека треба да се земат предвид правата на работниците, како и интересите на приватниот бизнис сектор.
Но, според сегашниот закон, усогласувањето на минималната плата се врши еднаш годишно, поточно во март. Никаде во владината програма не е кажано дека ќе има зголемување на минималецот во првите 100 дена. Актуелниот буџет не предвидува ново зголемување на минималната плата, а а следната недела се очекува ребалансот на буџетот.
Од ССМ не сакаат да чујат! Тие бараат зголемување на минималната плата на 450 евра, во рок од три месеци.
Сојуз на синдикати на Македонија:
„Сведоци сме дека иако платите на работниците незначително се зголемуваат, со бавно темпо и надвор од чекорот со инфлацијата и растечките трошоци за живот, или воопшто не се зголемуваат, функционерите обезбедија огромно и незаслужено зголемување од 78%. Работниците бараат достоинствен живот за себе и за своите семејства, тие се неопходен дел од процесот на создавање капитал и важен дел од социјалните и економските односи во земјата “.
Во своето прво појавување пред медиумите како министер, Дурмиши рече дека ќе ја зајакне поддршката за индустријата, ќе креира мерки за микро, мали и средни претпријатија, ќе ја зголеми конкурентноста на бизнисот, внатрешниот пазар, трговијата, како и поддршката на работодавачите, ќе креира мерки и политики за вработување, ќе го подобри пазарот на трудот и ќе ги заштити работничките права. Тој најави дека ќе поднесе барање до Државниот завод за ревизија за целосна ревизија на работата на Министерството за економија, почнувајќи од 2015 година, кога беше последната ревизија, со цел јавноста да види како се работело во текот на претходните децении во владата каде ова министерство беше предводено од кадри на ДУИ.
Аднан Ќаили