ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Покрај Амбасадата во Скопје, Албанија отвори уште едно дипломатско претставништво, Генералниот конзулат во Струга

Покрај Амбасадата во Скопје, Албанија отвори уште едно дипломатско претставништво, Генералниот конзулат во Струга

Албанија отвори генерален конзулат во Струга. Според двајцата министри за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Игли Хасани, ова е важен мост во односите меѓу двете земји.

Advertisements

„Во време кога мобилноста на нашите граѓани значително се зголеми и од туристички причини и од сезонски и економски обврски, потребата од конзуларни услуги стана поитна. Но, овој конзулат нема да биде само канцеларија за документи, туку функционален мост помеѓу албанската држава и нејзините граѓани, простор што нуди услуги и ја потврдува институционалната грижа“, рече Игли Хасани, министер за надворешни работи на Албанија.

Хасани рече дека Албанија демонстрира активен пристап кон регионалната интеграција и заедничкиот развој, а воедно ја нагласи и важната улога на албанскиот политички фактор во процесот на европска интеграција на Македонија.

„Албанскиот политички фактор играл и продолжува да игра незаменлива улога, од важните процеси на формирање на државата и демократизација до недвосмислената поддршка за интеграцијата и заедничкиот евроатлантски пат, чиј придонес е фундаментален. Особено ја поздравувам разумноста и соработката што ја покажаа албанските политички сили во поддршка на овој пат, ставајќи го заедничкиот интерес над партиските интереси“, додаде Игли Хасани, министер за надворешни работи на Албанија.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека конзулатот ќе биде блиска врска на граѓаните со меѓусебните институции.

Инаку, Генерален конзул во Струга е Петрит Мусаи./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button