ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Покрената истражна постапка против 23-годишник за полови дејства врз малолетник

Покрената истражна постапка против 23-годишник за полови дејства врз малолетник

Истражна постапка е покрената против 23-годишник кој се сомничи дека во Желино извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години што е кривично дело казниво согласно член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Advertisements

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово по барање на јавниот обвинител му определил мерка притвор од 30 дена.

Од државното Јавно обвинителство денеска информираа дека осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, по што почнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button