ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Покренато е обвинение против екс директорката во Токсикологија, Иљази

Јавното обвинителство поднесе обвинителен предлог против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази за злоупотреба на службената положба. Според соопштението на Обвинителството, Иљази прекршувајќи три закони овозможила 17 лица да бидат ангажирани со договор на дело, а за тоа да земаат паричен надоместок од буџетот на Клиниката.

Advertisements

Основно Јавно Обвинителство Скопје:

„Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита, таа во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест“.

Со овие злоупотреби, Иљази го оштетила буџетот на клиниката за 660 илјади денари односно, за над 10 илјади и петстотини евра. Од позицијата организациски директор на Клиниката, Иљази беше разрешена на 26 јуни оваа година. Во текот на работењето во Клиниката, името на Иљази се врзуваше со бројни скандали – враќање на работа на болничарот што на камера призна дека барал урина со наркотици да биде заменета со чиста урина, не ја осигуруваше болницата поради фаворизирање на нејзин брокер. Вработени во Клиниката се жалеа на непрофесионален однос од Иљази, обвинувајќи дека таа го саботира вработувањето на стручен кадар, а фаворизира враќање на работа на лица со истечени договори.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button