ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Покренато обвинение против Васил Јованов кој на „Партизанска“ ја усмрти Фросина Кулакова

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 20-годишниот Васил Јованов, кој вечерта на 29 јануари смртно ја прегази Фросина Ќулакова. Делото за кое се товари Јованов е по член 300 став 2 во врска со член 291 став 1 од Кривичниот законик. Максималната казна за ова дело е 20 години затвор.

Advertisements

Според обвинителството, Јованов воопшто немал возачка дозвола.

„Според доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без да поседува возачка дозвола, управувал со возилото „Пежо 207“, сопственост на неговиот татко. Тој не ги почитувал правилата и свесно ги ставил животите на луѓето во опасност“, велат од ОЈО.

Кобната ноќ Кулакова ја преминувала улицата на пешачки, Јованов на црвено, пијан и со двојно поголема брзина од дозволената смртно ја прегазил .

„Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место“, додаваат од ОЈО.

Граѓаните неколку пати протестираа по улиците на Скопје бидејќи Јованов ја прегазил Фросина во време кога требало да биде во затвор, откако претходно бил фатен со дрога. Судијката го испратила во поправниот дом во Тетово, но Јованов воопшт не отишол бидејќи предметот бил во жалбена постапка. Во моментов Јованов е во затворот Шутка, а Обвинителството побара продолжување на притворот. Поради случајот, полициските органи во изминатиот период спроведоа зачестени контроли и активности за казнување на сторителите на сообраќајни прекршоци.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button