МАКЕДОНИЈА

Политичари и дипломати го осудија насилството на вчерашниот протест

Политичарите и дипломатите го осудија насилството од вчерашниот протест. Првата реакција дојде од претседателот Стево Пендаровски.

Advertisements

„Сакам да го осудам насилството како политички метод кој не треба да има место во современите демократии“, наведе Пендаровски.

Според премиерот Димитар Ковачевски насилството не е одраз на земја членка на НАТО. СДСМ побара одговорност од сторителите на насилството и прстот го впери кон двајцата лидери на политичките партии – Мицкоски и Апасиев.

ДУИ вели дека ваквите настани покажуваат кој е за евроинтеграција, а кој против.

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува антиевропското насилство на улиците на Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во нашата земја кои се против ЕУ, НАТО, добрососедството, мирот, стабилноста и безбедноста. Регресивните сили во земјата кои ги поддржуваат насилните протести се обидуваат да го попречат процесот“, наведоа од ДУИ.

Насилството врз полицајците го осуди и евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир.

„Ги осудувам синоќешните сцени на насилство во Скопје врз полицајците кои беа на должност. Тие немаат место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност“, изјави Гир.
Хелсиншкиот комитет повикува на мирни протести и апелира полицијата да ги обезбедува протестите без пречекорување на своите овластувања.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button