ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политичката блокада може да се реши само со нови избори, вели Мицкоски

Политичката блокада може да се реши само со нови избори, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ ѝ остава отворена врата на власта доколку е подготвена да прифати некој од нивните предлози за промена на Уставот. Во спротивно Мицкоски смета дека ова прашање е затворено затоа што се утврди оти мнозинството нема 80 гласа без поддршка од неговата партија.

Advertisements

Додека Мицкоски го чека одговорот на СДСМ, оттаму чекаат Мицкоски да назначи тим кој ќе ги продолжи преговорите.

Од овој застој кој трае повеќе од 10 дена, се чини дека нема друго решение. Шефот на опозицијата предлага нови избори.

Како опции ВМРО-ДПМНЕ предлага проширена влада без ДУИ и донесување на уставни измени, но кои ќе стапат во сила откако ќе завршат пристапните преговори, односно заедно со формализирањето на полноправното членство во ЕУ. Втората опција е да се организираат предвремени избори наесен и да се добијат гаранции од европските институции за заштита на македонскиот идентитет, да се отворат фондови и да се спроведат барем три одлуки на Судот во Стразбур за правата на Македонците во Бугарија.

Единствената отстапка што досега е подготвена да ја направи СДСМ е да се согласи на стапувањето во сила на уставните измени, но само до денот на втората меѓувладина конференција, што би значело евентуално до крајот на годинава. Исто така, партијата на Ковачевски нуди рамномерно да ги дели министерските ресори со ВМРО.

ДУИ пак, соопшти дека е подготвена да ја напушти Владата на денот кога ќе стапат во сила уставните измени, во случај тоа да се случи до денот на втората меѓувладина конференција, но нејзин услов е и истрага на политичките партии и политичари.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button