ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Политичката сцена доби нова албанска партија

Изет Меџити го официјализираше формирањето на неговата нова партија, Демократско движење. Во својот говор тој ја истакна потребата од промени и силна опозиција за соочување на власта и нагласи дека формирањето на новата партија не е резултат на гнев или инает.

Advertisements

„Гневот не нè донесе овде, туку свеста. Не нè донесе алчноста, туку волјата. Не се обединивме да бидеме против, туку да бидеме лидери, не се собравме од гнев, туку од ентузијазам, не се движевме од лична инерција, туку од решеност да ги придвижиме работите напред за општо добро преку личен придонес“, рече Меџити.

Меџити изјави дека ќе дејствува како опозиција заедно со другите албански опозициски партии, а во иднина не ја исклучи можноста за соработка и со други.

„Со кого ќе соработуваме сега не ни е многу важно. Сега ја формираме нашата структура и платформа, сакаме средби со граѓаните да ја добиеме нивната поддршка и по изборите ќе видиме како ќе продолжиме. Но, не мора со сите. Првиот услов е да не бидеме со никој што нема прозападна ориентација и кој нема да се вклучи во евроинтегративниот процес. За останатото ќе разговараме на маса“, додава Меџити.

Меџити не ги коментираше неговите поранешни соработници од Огнената група и враќањето на дел од нив во ДУИ. На Невзат Бејта, Блерим Беџети и Муса Џафери, Меџити им се заблагодари за досегашниот придонес за канализирање на незадоволството во ДУИ.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button