Политички реакции за поскапувањето на нафтата

Опозицијата остро реагира на поскапувањето на нафтените деривати и побара од Владата да преземе итни мерки за намалување на цените. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша дека поскапувањето на горивата е удар врз граѓаните. Тој побара Владата да ја намали акцизата за да се намалат цените.
„Ова не е време за изговори. Владата веднаш да се откаже од половина од акцизата што ја добива за гориво и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој заглави во собраниските лавиринти за намалување на акцизата за 50 проценти. 43 отсто од цената на бензинот е обврска кон државата за секој литар гориво. Намалете го ДДВ за храна од 5% на 0%, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Алијанса за Албанците ја обвинува Владата дека прави бизнис со горива.
„Намалување на акцизата од 22 денари за бензинот на 15 денари, како и за дизелот од 15 денари што е моментално, на 9 денари. Намалувањето на данокот на додадена вредност, ДДВ, од 18% на повластена стапка од 5%, исто како што направија и со цената на струјата што исто така беше предлог на Алијанса за Албанците и резултираше позитивно иако првично Владата беше скептична и одбиваше“, изјави Арбен Зеќири, АШ
Од движењето БЕСА велат дека Владата мора итно да дејствува.
„Потребно е итно да се интервенира за да се намали процентот на акцизата на нафтените деривати или нејзино целосно укинување додека не се надмине оваа исклучително тешка економска состојба, доколку навреме не се интервенира, цените на производите ќе продолжат да растат, рече Абдуш Демири, Движење БЕСА
Опозицијата потенцира дека владата на СДСМ-ДУИ во моментов се однесува само како наводно да презема мерки, додека најголем дел од ваквата состојба ги погодува средните бизниси и граѓаните. /Алсат.мк
Мефаил Исмаили