Политико: Анкетите покажуваат дека во Германија водат ЦДУ и ЦСУ

Германија се подготвува за предвремени парламентарни избори закажани за 23 февруари, по падот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц во ноември минатата година, а според анкетите, конзервативниот блок на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), предводена од Фридрих Мерц, води со околу 30 отсто од гласачите, пишува бриселски Политико.
На второ место е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) со приближно 22 отсто, додека Социјалдемократската партија на Германија (СПД) падна на околу 17 отсто.
Ако е сигурно дека ЦДУ/ЦСУ ќе освои најмногу гласови, формирањето влада ќе зависи од постизборните коалициски преговори, наведува Политико.
Со оглед на тоа што сите големи партии ја отфрлија можноста за соработка со АфД, конзервативците ќе мора да бараат партнери меѓу другите партии.