ВЕСТИСВЕТ

Политико: Орбан се среќава со Путин во Москва, силни критики од ЕУ

Повеќе европски лидери го критикуваат унгарскиот премиер, кој ја симпатизира Русија, затоа што разговара со Москва без мандат, пишува Политико.

Advertisements

По неговото патување во Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува денеска да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Политико, повикувајќи се на повеќе медиуми.

Средбата ќе се одржи пет дена откако Унгарија дојде на чело на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Орбан треба да се сретне со Владимир Путин во Москва, како што најпрвин објавија унгарскиот истражувачки медиум ВСквер, а подоцна и Фајненшл тајмс и Радио Слободна Европа.

Орбан во Кремљ ќе биде придружен и од министерот за надворешни работи Петер Сијарто, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на владин извор.

На прашањето на Политико дали Орбан ќе се сретне со Путин, портпаролот на унгарското претседателство одбил да коментира.

По првите извештаи во четвртокот за можна средба Орбан-Путин во Москва, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел напиша на Икс: „Ротационото претседателство со ЕУ нема мандат да соработува со Русија од името на ЕУ.“

Полскиот премиер Доналд Туск ја доведе во прашање одлуката: „Гласините за вашата посета на Москва не може да бидат вистинити, Виктор Орбан, или сепак се?“, напиша тој на Икс.

Во вторникот, Орбан беше во ненадејна посета на Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Унгарскиот лидер му предложи на Зеленски итен прекин на огнот, но претседателот не го коментираше јавно планот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button