ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Две високи поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија, Радмила Шекеринска и Марија Габриел, се меѓу оние кои се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО, пишува денеска бриселски „Политико“ во текстот „Првата задача на Марк Руте во НАТО: Да се најде жена за десна рака“.

Advertisements

Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте веќе минува низ неколку биографии од оние кои сакаат да бидат негова десна рака.

Актуелниот заменик, Мирчеа Џоана, кој ја извршува функцијата од 2019 година, се очекува да се повлече за да се кандидира на претседателските избори во Романија во ноември, изјавија претставници на НАТО за „Политико“.

Висок дипломат на НАТО од Западна Европа рече дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте.

Разговорите во седиштето на НАТО се фокусираат на две поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија, две балкански земји кои некогаш биле под советска контрола до крајот на Студената војна, пишува „Политико“.

– Можеби функцијата ќе и припадне на жена од Источна Европа, изјави поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску.

Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога воената алијанса се стреми кон итна мисија да го поддржи источното крило со цел да спречи каква било потенцијална руска агресија.

Името на нашата поранешна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска нашироко се спомнува, според дипломат на НАТО и висок функционер на Алијансата. Доколку биде избрана, таа ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Земјата влезе во НАТО пред четири години, а Шекеринска имаше клучна улога во нејзиното членство. Прозападната Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти.

Шекеринска одбила да даде коментар за информациите дека би може да да биде заменичка на Руте во НАТО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button