ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Полиција прави ред за прием за влез на роднини во болницата „Св. Наум Охридски“

Голем број членови од семејствата на хоспитализираните се собрани пред влезот на Хируршката клиника „Наум Охридски“ во Скопје. Како што дознаваме, во болницата се пуштаат наизменично групи од по 10 посетители, по еден член од семејството за секој пациент. Влезот на болницата го обезбедува полицијата и го регулира редот за влез на роднините.