ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата бркала „пежо“ полно со мигранти, уапсен скопјанец

Полицијата бркала „пежо“ полно со мигранти, уапсен скопјанец

Рано утрово околу 5 часот полицијата уапси 22-годишен скопјанец кој со својот автомобил „пежо“ превезувал илегални мигранти. „На регионалниот пат Демир Капија-Неготино полицијата го приведе 22-годишниот М.А. од Скопје, откако истиот бил фатен како превезува 5 имигранти од Сирија.

М.А. не застанал на сигналот од полициските службеници, но по преземени мерки возилото подоцна било запрено, а младиот скопјанец уапсен“, се наведува во полицискиот билтен. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button