Полицијата да се вакцинира во првата или втора фаза на имунизација, бара синдикатот

Вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање да бидат вакцинирани во првата или најкасно во втората фаза за имунизација на населението од коронавирусот Ковид-19, побара денеска Македониот полициски синдикат преку писмено барања до премиерот Зоран Заев, министрите Венко Филипче и Оливер Спасовски и доректорите Ерол Муслиу, Виктор Димовски и Арафат Муареми.
Претседателот на синдикатот Марјан Кицев кој, како што вели, во име на 8500 членови бара вработените во овие институции да се вакцинираат во првата или втората фаза на имунизација поради секојдневните активности на овие вработени во справувањето со коронавирусот.
Според нив, ова барање произлегува поради фактот дека вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажале својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19.