ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата ги зголеми контролите на тетовските улици, за да овозможи слободно движење на возилата и отстранување на паркираните на забранети места

Полицијата ги зголеми контролите на тетовските улици, за да овозможи слободно движење на возилата и отстранување на паркираните на забранети места

Иако веќе една недела на тетовските улици има зголемен број на сообраќајни полицајци, со цел да се расчистат улиците од незаконско паркираните возила, оваа акција даде многу мал резултат. Додека на едната страна од патот полицијата застанува и ги проверува автомобилите, од другата страна на патот, на само неколку метри од полицијата, возачите ги паркираат своите автомобили на сред пат. Градоначалникот на Тетово Билал Касами дури најавува и кампања за подигање на свеста кај граѓаните. Блокадите на автобуските постојки продолжија и денеска и покрај големиот број полицајци на улиците.

Advertisements

„Има подобрувања, но тоа не е она што сите го сакаме. Заедно повторно ќе излеземе да ги погледнеме раскрсниците и булеварот „Илирија“ каде има проблеми и заедно со вас како медиуми, полиција и од паркинзи ќе извршиме притисок и ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за да имаме слободни коловози и тротоари. Се разбира, како идеја, соодветно е да се види да се направи кампања за подигање на свеста преку општината и полицијата на паркинзите, бидејќи кажавме дека целта не е да се казнуваат граѓаните туку да се подигне свеста за расчистување на улиците и тротоарите“, рече Билал Касами- градоначалник на општина Тетово.

Директорот на Градски паркинзи вели дека најголем проблем им се паркираните автомобили во два реда кои не можат да ги отстранат без присуство на полиција.

За само една недела, откако беше одлучено да има секојдневни полициски акции на главните улици во Тетово, од СВР изречени се повеќе од стотина казни и опомени./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button