ВЕСТИСВЕТ

Полицијата и царината на 18 земји во акција запленија повеќе од 14 милиони фалсификувани евра

Припадници на полициски сили од 18 земји заплениле повеќе од 14 милиони евра во акцијата ДЕКОЈ, во координирана акција на Европол со полициите на Шпанија, Португалија и Австрија, соопшти денеска Европол.

Advertisements

Заедничката акција на царината и полицијата е спроведена во рамки на акцијата ЕМПАКТ, чија цел е борба против дистрибуцијата на фалсификувани банкноти и метални пари преку поштенските услуги низ цела Европа, се наведува во соопштението.

Меѓу земјите кои учествуваа во операцијата беа припадници на полицијата и царината на Австрија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Турција. и Обединетото Кралство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button