ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата изрече 133 санкции на возачи на територија на град Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 133 мерки, меѓу кои 64 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Advertisements

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека изречени се и три санкции за користење мобилен телефон, 14 прекршоци кои ги чинат возачи на мотоцикли, 19 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат,
заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button