ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата изврши претрес во болницата во Вевчани

Полицијата ја проверува целокупната документација и печатите кои ги користел лекарот во Вевчани кој работел без дозавршен факултет. Иако засега не се откриваат детали, според полициски извори, се чекаат понатамошни насоки од Основното јавно обвинителство, кои се веќе запознаени со целиот случај. Од таму за Алсат информираа:

Advertisements

„ОЈО Струга е известено за настанот. Се вршат проверки и се обезбедува документација за да се проверат наводите“, наведуваат од ОЈО.

Директорот на здравствениот дом во Вевчани, Јован Стојкоски за Алсат рече дека лекарот повеќе не работи во установата. Не сакаше да коментира ништо сè додека не завршела истрагата.

„Лекарот најпрво беше времено суспендиран од работното место. По сопствено барање побара и престанок на работниот однос“, рече Стојкоски.

Незавршениот лекар студирал на Медицинскиот факултет во Штип. Засега е нејасно како го добил работното место бидејќи за тоа е потребно уверение за завршен факултет, положен државен испит и лиценца за работа која ја издава Лекарска комора. Поранешниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски вели дека ова ја покажува слабоста на институциите.

„Ова не само што е шокантно, ова што ѝ се случува е удар голем удар и за нашата држава Македонија…“, вели Ѓорѓи Илиевски, Поранешен државен просветен инспектор.

Инаку здравствениот дом во Вевчани, покрива голема територија од струшкиот регион.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button