МАКЕДОНИЈА
Полицијата казни 566 возачи поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спровело засилена контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, при што на целата територија на државата се санкционирани 566 возачи што не ги почитувале правилата за ограничување на брзината.
Како што се наведува во соопштението од МВР, од нив 279 се регистрирани надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина од 70 километри на час над дозволената брзина и 65 возачи со брзина од 50 километри на час повеќе од максимално дозволената брзина.
Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови.