ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата не соопштува дали го уапсила пријавувачот за лажниот напад во Скопје

Mefail Ismaili

Министерството за внатрешни работи не соопштува нови детали за истрагата за лажниот аларм за напад. Не  се откриваат детали ниту за лажниот пријавувач. На прашањето дали го уапсиле пријавувачот кој се јавил во билетарницата  во Македонската опера и балет, МВР останува на ставот дека се преземаат мерки за лоцирање  на пријавувачот и за негово санкционирање . Експертот за безбедност, Љубомир Ѓурчевски вели дека полицијата ги извршила потребните процедури, но имало и пропусти во работата.

Експертот Ѓурчевски оценува дека случаите со лажни аларми за експлозивни направи или терористички напади обично се јавуваа токму во време на политичка криза. Тој не ја исклучува можноста целта на пријавите да е планирана за да се привлече внимание.

Ѓурчевски оценува дека откако антитерористичките екипи констатирале дека пријавата е лажна, целата постапка треба да ја преземат Јавното обвинителство и криминалистичката полиција за да го истражат случајот и да ги идентификуваат пријавувачите кои предизвикале паника и страв кај граѓаните. Во текот на изминатиот викенд и синоќа имаше неколку случаи каде полицијата дејствуваше против пријавите за бомбашки напади. Синоќа беа евакуирани вработените во МОБ зградите на Министерството за надворешни работи, Основното обвинителство, а блокирани беа и неколку улици во центарот на главниот град.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button