ВЕСТИ

Полицијата патролира пред домот на Јанкуловска – блиска соработничка на Груевски

По бегството на Груевски, полицијата сега презема мерки за следење на екс министерката за внатрешни работи која важеше за десна рака на екс премиерот. Полицијата ги стопира  сите возила кои поминуваат покрај зградата во која живее Јанкуловска и врши претрес во багажниците. Полициските патроли беа ангажирани само ден откако Врховниот суд соопшти дека е потврдена четиригодишната затворска казна на Јанкулоска за набавката на луксузниот мерцедес за поранешниот шеф на Владата. Јанкуловска се огласи преку Фејсбук и тврди дека ни на крај памет не и паѓа да бега.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“напиша Гордана Јанкулоска.

Од МВР велат дека чекаат на наредба од Судот.

МВР:

„Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а сè уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други инфомации е надлежен судот“.

Сепак, долга е процедурата додека Јанкулоска добие писмо од Судот кога треба да се пријави во затвор на издржување на казната. Во овој случај осуден на две години затвор беше и поранешниот премиер Никола Груевски но тој наместо да се пријави во затвор, успеа да избегне во Будимпешта. Кој му помогнал во бегството уште не се откри, а од полиција та тогаш изјавуваа дека Груевски не бил следен ниту набљудуван бидејќи никој не се посомневал дека може да избега. За овој случај во затвор е само некогашниот помошник на Јанкулоска, Ѓоко Поповски кој е осуден на четири и пол години затвор.

Игор Стефновски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button