ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси кичевчанец кој си ја убил ќеркичката

Триесетгодишниот кичевчанец Ф.Д. до смрт ја претепал неговата 2 годишна ќерка откако ѝ нанел тешки телесни повреди. Полицијата вчера го лишила од слобода. Предаден е на Јавен обвинител и против него денеска беше поднесена кривична пријава.

Advertisements

„Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде на 08.01.2024 година, починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Стефан Димоски- портпарол на СВР Охрид.

Докторот Акиф Исмаили од болницата во Кичево вели дека девојчето кај нив било донесено во тешка здравствена состојба без сознание.

„Дететото на хируршкот одделение во болницата во Кичево беше донесено во општа тешка здравствена состојба. Во речиси коматозна состојба. Со проширени зеници и тешко дишење. По преземени реанимациони мерки ние го пуштивме со болничко возило и екипа во ургентен центар во Скопје. Мајката кажуваше дека било бутнато од страна на деца и така го нашла во бесознание“, изјави Акиф Исмаили- лекар.

Сведочењето на мајката е контроверзно затоа што претходно тврдела и дека врз детето паднал плакар. Од МВР денеска за Алсат соопштија дека Јавното обвинителство треба да утврди дали е можно некакви мерки да следуваат и за мајката, односно дали има елементи дека евентуално сакала да го прикрие делото.

Од Министерството за здравство информираат дека девојчето било примено со нагмечување на лицето, крварење и оток на мозокот и со повеќе фрактури на ребрата. Извори од истрагата за Алсат велат дека станува збор за дисфункционално семејство со лоши односи меѓу таткото и мајката и оти на трагедијата ѝ претходела расправија меѓу нив. Девојчето живеело само со мајката.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button