ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полицијата запре уште една меѓународна пратка со дрога

Полицијата пресече меѓународен канал за дрога. 31-годишен скопјанец со иницијали М.Ј бил фатен како превезува 50 килограми марихуана на автопатот Прилеп-Битола.

„Автомобилот „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј, 31-годишен жител на Скопје, бил запрен од сообраќајната полиција. При контрола е констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, додека возилото не е регистрирано и нема извршено техничка контрола. По претресот на автомобилот, пронајдени се три вреќи во кои се пронајдени 9 пакувања марихуана, односно 50 килограми“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Вредноста на запленетата дрога на пазарот достигнува и до 200 илјади евра. Според полицијата, дрогата била од Албанија а крајната дестинација и била Грција. Прилепската полиција и основното обвинителство истражуваат дали други лица се вклучени во трговијата. Против уапсениот е поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „Трговија и преработка на наркотици“. Минатата недела полицијата уапси 4 албански државјани во обид илегално да ја преминат границата Северна Македонија- Грција. Во акцијата на 13 октомври беа запленети 67,5 килограми марихуана, додека освен лицата од Албанија, со лисици на рацете завршија и двајца македонски државјани од Струмица.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button